Битола: 30 дневен притвор за седум лица учесници во три различни кривични постапки
23.02.2015 15:00
30 дневен притвор заработи 58 годишен битолчанец за сомнение дека сторил полов напад врз малолетник...

Полни раце работа во изминатиов викенд за битолските истражни органи: 30 дневен притвор заработи 58 годишен битолчанец за сомнение дека сторил полов напад врз малолетник.
Една тричлена банда истата казна ја заработи за сомнение дека направилa кривично дело- производство и пуштање во промет наркотични средства, а друга тричлена банда за разбојништво врз сиријски државјани.
