Старото битолско јадро ќе биде прогласено за културно наследсво

23.02.2015 15:43

Битолската библиотека доби нови 500 квадрати корисна површина, а граѓаните порака од министерката дека се изготвува нов закон за прогласување за културно наследство на староградското јадро. Годинава ќе се реставрираат и фасадите на музичкото училиште, горната гимназија и безистенот...

Во завршна фаза е новиот закон со кој старото јадро на Битола ќе биде прогласено за културно наследство- беше главната порака на министерката за култура Елизабета Канческа Милеска, при посетата на градот кој сам посебе наликува на еден голем отворен културно- историски музеј.

Паралелно од крајот на првата половина на годината, ќе започнат уште три капитални зафати со кои ќе се заштитува познатата староградска архитектура.

„Годинава ќе го продолжиме континуитетот за заштита на значајните фасади. Ќе се конзервират и реставрираат фасадите на музичкото училиште, горната гимназија и безистенот“, рече министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

Покрај грижата за културното богатство, ресорното министерство со новитети и за љубителите на пишаниот збор. Со реализација на последната фаза од проектот за модербизација на библиотеката, најстарата културна институција во земјава доби нови 500 квадратни метри.

Установата која пред 70 години започна со кничен фонд од само 300 единици денеска располага со над 600 дела. Растеж кој влијае во надоградбата на стручната и научната дејност.

„Со задоволство велам дека целиот книжен фонд го имаме ставено во базата на податоци. Не е нескромно ако кажам дека последниве години имаме издадено над 49 трудови или повеќе од вкупниот број на сите библиотеки“, рече директорот на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охрудски“, Науме Горгиевски.

Со инвестицијата од околу 30 милиони денари освен надоградбата беше обновена  фасадада и дограмата. Нови услови за љубителите на пишаниот збор и одличен спој помеѓо старото и новото.

Стевче Митревски