Карате

Македонските каратисти со 10 медали на БП во Чачак

23.02.2015 15:54

Во исклучително силна конкуренција на голем број континентални и светски медалисти, нашите каратисти освоија две сребрени и 8 бронзени медали...

Во текот на викендот во Чачак се одржа 17 Балканско првенство во карате, со учество на 271 натпреварувач од 11 земји. Во исклучително силна конкуренција на  голем број континентални и светски медалисти, нашите каратисти освоија две сребрени и 8 бронзени медали. Виктор Крстевски во категорија -84 кг и Симона Заборска до -55 со по 4 победи и еден пораз во финалето се балкански вицешампиони. Носители на бронза се Дејан Црничиќ до 67 кг, Сара Радичевска во -50 кг, Наташа Стефановска во -61 и женскиот тим во борби.

Исто така кај катите поединечно бронзеи трофеи освоија Фери Исиќ во машка и Поликсенија Јованоска во женска конкуренција, како и машкиот и женскиот ката тим. Најуспешни се каратистите на Србија со 17 медали од кои 6 златни, пред Турција со 12, од кои 5 златни.    

Според бројот на  трофеите во Чачак за еден го надминавме претходниот шампионат во Охрид, но тогаш Македонија за првпат беше најуспешна нација со 5 злата и по 2 сребра и бронзи. Балканското првенство беше последната сериозна проверка пред настапот на јубилејното 50 -то Европско првенство во Истанбул следниот месец, кое ќе претставува и квалификациски турнир за Европските игри во Баку.