Отоворени денови на катастарот во Скопје
Во Скопскиот катастар отворените денови ќе траат до петок. Граѓаните можат да се јават на телефон или да закажат термини за средба од 9 до 16 часот...

Хазбија Фејзиќ од скопско Визбегово е еден еден од 50 – мината кои денеска го посетија Центарот за катастар на недвижности. Ја искористи можноста во рамките на отворените денови да закаже средба со стручните тимови за решавање на три деценискиот имотно-правен проблем.
„Ќе чекаме да закажеме термин, да видиме што и како ќе биде. Ако не го решиме проблемот после ќе треба да и плаќаме на државата откупнина“, вели Фејзиќ.
И други граѓани дојдоа денеска со иста цел- преку оваа кампања да добијат информации за катастарските предмети.
Во Скопскиот катастар отворените денови ќе траат до петок. Граѓаните можат да се јават на телефон или да закажат термини за средба од 9 до 16 часот.
Вратите на Катастарот се отворени за сите граѓани кои што имаат било какви нејаснотии. Лани Агенцијата за Катастар на недвижности годината ја завршила со минимален број нерешени предмети.
На скопјани за консултации во следниве денови на располагање им се 11 тимови од геодети и правници.
Акцијата почна лани во ноември, досега во 24 града се примени 2.000 граѓани. Кампања треба да заврши до 20 март, а дотогаш ќе се реализираат отворени денови во подачните одделенија на Катастарот во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево и Дебар.
Сунчица Николоска
