Резолуцијата за Македонија на втора расправа пред европратениците

23.02.2015 16:27

Во подршка за Македонија се 11 амандмани од романската европратеничка Монка Маковеј, 5- те амандмани од Хрватските пратеници, Андеј Пленковиќ, Давор Стиер, Дубравка Суица и Маријана Петир, потоа 14 се на известувачот во сенка за Република Македонија Едуард Кукан, и 9 на Иво Вајгел...

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денска по втор пат ќе расправа за предлог- резолуцијата за Република Македонија. Поднесени се вкупно 296 амандмани од кои 150 сосема очекувано се од страна на грчките и на бугарските европратеници.

Во подршка за Македонија се 11 амандмани од романската европратеничка Монка Маковеј, 5- те амандмани од Хрватските пратеници, Андеј Пленковиќ, Давор Стиер, Дубравка Суица и Маријана Петир, потоа 14 се на известувачот во сенка за Република Македонија Едуард Кукан, и 9 на Иво Вајгел.

Во нив генерално се бара отпочнување на преговори со Европската Унија. Односно дека билатералните прашања не треба да преставуваат пречка за одредување на датум за преговори. Дотолку повеќе, што Евопската комисија досега 6 пати дава позитивна препорака, а ЕП по деветти пат бара безусловно отворање на преговорите за членство.

Во однос пак на содржината на амандманите, пред се на грчките и на бугарските, тие реагираат на заклучоците на Европскиот Совет во кој се наведува потреба за брзо решавање на спорот со името.

Грците бараат и да се отстранат речените во кои е нотирано дека нашата земја е со најголема усогласенот со европското законодавство.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ