Нови видеа: Бошкоски зема пари и се пазари за името
23.02.2015 17:21
Објавени нови видео-снимки со претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во кои тој со соговорникот разговара за промена на уставното име на земјава и зема пари во кеш за финансирање на изборната кампања. Снимките се од две различни локации...

Разговори за промена на уставното име на земјава и примање пари во кеш за финансирање на изборната кампања и во новите видео- снимки што се појавија на интернет- мрежите. Ги има од две различни локации. Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски на неговиот соговорник му ветува решение на проблемот меѓу Скопје и Атина, а за возврат добива евра.
А, еве ја содржината од разговорите на друга локација, во која Бошкоски ветува брзо решение на името ако дојде во власта на изборите во 2011-та:
Љубе Бошкоски: Терам кампањава топ. И така.
Посредник: Немој после да ме забораваш.
Љубе Бошкоски: Никогаш. Ти се колнам, во три деца ти се колнам.
Посредник: Браво
Љубе Бошкоски: Еднаш...ние не сме п...и...зборев дека грците ни се пријатели ...сега имав интервју синоќа беше прикажано...
Посредник: Што те прашаа дали го менуваш уставното име ха.
Љубе Бошкоски: Јас им викам не го менувам уставното име, ама верувам кога ќе падне институционалниот поредок наречен Никола Груевски дека со нашата братска пријателска Грција ќе седнеме ќе разговараме. ПРАВАМ ФИНТА ме разбираш. Тие ни се пријатели. Ја мислам дека нашите пријатели ќе ни помогнат да го решиме ова прашење.
Според експертите, и новите снимки потврдуваат дека Љубе Бошкоски сторил кривично дело - земање пари за нелегално финансирање на кампањата за изборите во 2011-та година. Претседателот на Обединети за Македонија кажува за што ќе ги користи парите.
Љубе Бокоски: Брат сериозно, ама нема потреба јас да се фалам јас гледам на терен луѓе, без автобуси без ништо, а полни плоштади. Едино ќе ми треба, за Тетово ќе ми треба многу пари. Знаеш првиот и задниот митинг и за Охрид ќе ми требаат многу пари
Посредник: Многу тешко ќе поминам на граница. Многу се пазам...за последниот митинг ако може нешто да соберам.... и се ќе ти дадам како што треба.
Љубе Бошкоски: Последниот митинг ми е во петок... Со едно 50 илјади ќе завршиме работа.
Посредникот: За митингот.
Љубе Бошкоски: За митингот ни требаат автобуси од цела Македонија. Ми треба 100 автобуси, по 250 евра, 25 илјади евра...
На претходно објавеното видео викендов, Бошкоски на соговорникот му потврдува дека е подготвен за два дена да договори промена на уставното име на земјава, но и на идентитетот, со тоа што, на сугестија на соговорникот, прифаќа наместо Македонци, народот да се нарекува, граѓани на Северна Македонија.
Наташа Гркова- Петрушевска
