Аналитичари: Опозицијата кршела изборни правила
„Народот памети- штом девет циклуси не ти дава да се вратиш на власт, јасно им е што си одработил предходно“ - став на новинарката Мирка Велиновска за последните настани на политичката сцена. Предупредува дека не треба да се дозволи дестабилизација што ќе се скрши на грбот на граѓаните...

Пазарењето за пратенички места е политички скандал што ги демаскира опозициските партии кои декларативно заговараат слободно новинарство и фер изборна атмосфера, предупредуваат аналитичарите. Октако вчера беа објавени видео снимки на кои Љубе Бошкоски пред изборите во 2011-та тргува со пратенички места, на социјалните мрежи врие од негативцни коментари и критики на кои граѓаните го осудуваат ваквото практикување на политиката. Партиските препукувања ни се сервираат како кавга меѓу две семејства, но тоа не треба да се прекршува врз грбот на граѓаните,вели новинарот и колумнист Мирка Велиновска.
„Наместо ние да завршуваме како оброк, како оброк да завршат во затвор, според закон, оние што го предизвикуваат ова или оние што самоволно учествуваат во дестабилизацијата на државата и пореметување на мирот и стабилноста на земјата. Па ние уште не сме почнале со правна разврска а што мислите како ова ќе се одрази на економската ситуација. Се залауфа македонското стопанство, почнаа да доаѓаат странски инвеститори. Кој ќе доаѓа сега во нестабилна земја, кој ќе го плаќа сега цехот?“, вели новинарката Мирка Велиновска.
Видеата што беа објавени на „Јутјуб“ се јасен показател на тактиката на опозицијата за директно кршење на сите изборни правила кога за пари се договараат кандидатските листи на кои има и новинари а за сметка на повеќе простор во медиумското претставување и добивање помали цени за рекламирањето, коментираат експертите. Според Велиновска, пак, ваквите евтини трикови не поминуваат кај гласачите бидејќи тие не даваат мандат ако работиш против нивните интереси.
„Единствено нешто што немаат искалкулирано е тоа дека на обичниот народ не му е толку далечно тоа минато и многу добро се сеќава како ги превеслаа. Они мислат дека нешто посебно се врзани со ВМРО- ДПМНЕ. Штом девет циклуси не ти дава ти да се вратиш,тоа значи дека се им е јасно што си одработел предходно што е против интересите на истиот тој гласач“, нагласува Велиновска.
Најголемата опозициска партија не се огласи во врска со скандалозното пазарење и продажба на места на кандидатските листи за пратеници како и медиумскиот брак со политиката. Аналитичарите очекуваат место контранапади, СДСМ како партија која постојано зборува за слобода на медиумите и одговорна политика да ги осуди ваквите постапки за да покаже дека декларативните заложби не се чиста демагогија.
Милчо Велески
