Дискриминација: Македонското малицинство избришано од ЕКРИ
Комитетот на Советот на Европа против тортура и дискриминација не најде македонско малцинство во Грција. За извештајот што треба да биде објавен утре жестоко реагирал нашиот дипломатски претставник во Стразбур...

Од наши извори бевме запознати со содржината на петтиот извештај изработен од Европсаката комисија против расизмот и нетолеранцијата, или скарено ЕКРИ, кој утре ќе биде објавен во Стразбур. Треба да се нагласи дека ЕКРИ е група не експерти од сите земји- членки на Советот на Европа, која работи во духот на почитувањето на човековите права, а не според нејзиното државјанство.
Тоа што паѓа во очи е дека за разлика од претходните четири извештаи на ЕКРИ, во најновиот, никаде не се споменува македонското малцинство во Грција, кое грчката држава не го има признато.
Тоа, според објаснувањето на нашите извори во Стразбур, се должи на новата методологија за работа на Комисијата, која предвидува да се посвети на неколку теми, во случајов ЕКРИ се занимава со правото на муслиманското малцинство во Тракија, единствено признато во Грција со Договорот од Лозана, ситуацијата со ромите и мигрантите, иако вели дека и другите проблеми не се заборавени.
Во досегашните четири извештаи на ЕКРИ, беше констатирано кршењето на правото на македонското малцинство, и затоа изненадува неговото изоставување.
Со оглед дека следниот извештај ќе биде за неколку години, а за Грција нема мониторинг во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, која Атина не ја има ратификувано.
Ова, како што дознаваме од наши извори, доведе до жестока реакција на македонскиот абасадор при Советот на Европа, Петар Поп Арсов, на состанокот на Комитетот на министрите, кога се расправало за извештајот.
Што се однесува до македонското малцинство, можеби вистинскиот потег може да дојде од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, кое може, како што беше случајот на два пати досега, да побара изработка на посебен извештај за положбата на малцинствата, и воопшто за непочитувањто на обрврските преземени со членството во Советот на Европа, со што се подразбира и непочитувањето на правото на македонското малцинство во Грција.
Тони Гламчевски
