Средба во Ректоратот на УКИМ за Законот високото образование

24.02.2015 09:41

На првата официјална средба во четвртокот беше заклучено работни групи со претставници од Универзитетот, вклучувајќи ги и Студентскиот и Професорскиот пленум, и од Министерството за образование и наука, за 30 дена да изготват анализа за состојбите...

Во Ректоратот на Скопскиот универзитет денеска од 14 часот е закажана втора средба на работната група за високото образование, составена од претставници на сите засегнати страни - Универзитетот, Владата и МОН, и пленумите на студентите и професорите.
 
На првата официјална средба во четвртокот, која траеше речиси пет часа, беше заклучено работни групи со претставници од Универзитетот, вклучувајќи ги и Студентскиот и Професорскиот пленум, и од Министерството за образование и наука, за 30 дена да изготват анализа за состојбите и врз основа на неа да се дефинира концепт за изработка на законски текст за високото образование.