Претходното рангирање Македонија беше на 75.место
Македонија со пад од 11 места на ФИФА листата
18.10.2013 13:14
Македонската фудбалска репрезентација по поразите од Велс и од Србија забележа нов пад на ранг листата на ФИФА објавена денеска и сега се наоѓа на 86.место. На претходното рангирање Македонија беше на 75.место.
На врвот на ранг листата промена на местата направија Германија и Аргентина (второ и трето место), а Италија има пад од четири позиции, додека Бразил испадна од првите десет. Скок од седум позиции имаа Швајцарија и Англија и влегоа меѓу првите десет.

Во ТОП 10 редоследот е следен: Шпанија, Германија, Аргентина, Колумбија, Белгија, Уругвај, Швајцарија, Холандија, Италија и Англија.
Новата промена на ранг листата ќе биде на 28.ноември.