Мали бизниси- големи придобивки

24.02.2015 10:33

Кои се предизвиците и ризиците со кои се соочуваат малите бизнисмени и која е формулата за успешен бизнис? Оние кои се впуштиле во бизис, биле доволно свесни дека треба да разикуваат за да успеат, но од друга страна со постојана работа и труд, напредуваат, нивните фирми растат и вработуваат повеќе луѓе. Еве неколку искуства од успешни мали фирми…

Подобра опција е да впуштиш во ризик и да започнеш сопствен бизнис, отколку со години да чекаш вработување. На ваков чекор се одлучил и младиот кумановец Александар Демировиќ кој решил да ја преземе работата во свои раце и да отвори сопствена автоперална. На почетокот било тешко вели тој, бидејќи многу малку знаел за овој бизнис, но сега од неговата работа обезбедува успешна егзистенција за своето семејство и за уште тројца вработени.

„Барајќи работа се одлучив да започнам свој бизнис и да си го решам статусот. Работата за сега добро оди и имаме доста клиенти. Ако работиш и се трудиш, мора да успееш“, вели Александар Демировиќ, сопственик на перална за автомобили.

Покрај отворањето важно е и успешно да се води бизнисот и да се остане на пазарот. Многу труд, посветеност, работа и следење на новите трендови и предизвици може да се опстане, магична формула не постои велат поискусните мали бизнисмени.

„Кога почнав бев сама, сега имам дури седум вработени. Потребно е да се биде многу упорен, ризик. Најголем ризик според мене е, ако не ризикуваш и така нема да знаеш дали ќе оди или нема да оди“, изјави  Нела Захариева, сопственичка на фризерско студио.

Преку разни мерки државата ги стимулира малите бизнисмени. За мали фирми до 10 вработени има неколку кредитни линии по поволни услови, при што на почетниците им се дава помош во репроматеријали и вработување на стручни кадри.

Инаку во Куманово, постојат можности за отворање бизниси, поради фактот што голем број граѓани беа на печалба на Блискиот исток. Според проценките на експертите, во банките за изминатите 10 години, само од кумановци во депозити се чуваат околу една милијарда евра, мртов капитал.

Габриела Димковиќ