На 17.630 земјоделци исплатени субвенциите за сончоглед, ориз и добиточна храна

24.02.2015 10:36

За одржување површини засадени со добиточна храна префрлени се 22,7 милиони денари на 15.232 земјоделци...

На сметките на 17.630 земјоделци денеска се префрлени 31,7 милиони денари субвенции за добиточна храна, индустриски и житни култури, соопштуваат од Министерството за финансии.

За одржување површини засадени со добиточна храна префрлени се 22,7 милиони денари на 15.232 земјоделци. Мерката изнесува 1.000 денари по хектар за одржување обработлива површина.
 
За сончоглед и ориз исплатени се 9 милиони денари на 2.398 земјоделци. Мерката изнесува 3.000 денари по хектар за одржување површини засадени со овие култури.

Владата на РМ и понатаму ќе продолжува да го поддржува земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство преку повеќе мерки меѓу кои и исплата на субвенции, велат од Министерството.