Лозарите ја почнуваат новата производствена година
24.02.2015 12:53
Со закројувањето лозарите ја почнуваат новата производствена година. Се надеваат дека нема да се повтори ланската кога родот беше преполовен од лошите временски услови...

Со закројувањето почна производствената година за скоро 13.000 лозари. Плантажите се наоѓаат на повисоките места, големи штети од поплавите нема, но врнежите и калта го одложуваат закројувањето.
Поголема опасност се пролетните мразови, градот и дождот кои ги зголемија трошоцита за заштитните средства.
Винарските визби во 2014 откупија 98.000 тони винско грозје, што е намалување од 47 проценти.
До 30 –ти април годинава, винариите ќе мора да го платат целото грозје за да бидат запишани во регистарот на производители.
Методија Трајков
