Комитетот за надворешни работи на ЕП ја усвои Резолуцијата за Македонија

24.02.2015 13:26

Пратениците заклучиле дека билатералното прашање за името, не смее да ги попречува пристапните преговори, и дека застојот има негативно влијание врз земјата и народот...

Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент ја усвои резолуцијата на известувачот Иво Вајгл со која се бара итно отворање на преговорите за членство на Mакедонија во Европската Унија. За документот гласале 47 европратеници, додека 10 биле против, при што не биле усвоени амандманите на грчките и бугарските претставници во Eвропскиот законодавен дом.

Пратениците заклучиле дека билатералното прашање за името, не смее да ги попречува пристапните преговори, и дека застојот има негативно влијание врз земјата и народот.

Евроизвестувачот Вајгл вчера за Македонската телевизија изјави дека Грција треба да го почитува правилото на солидарност, што истовремено се однесува и за економската грчка криза.

Европратениците во документот ја повикуваат власта и опозицијата на конструктивен дијалог.