Презентација на италијанска технологија за производство на вино

24.02.2015 13:43

Италија е светски лидер во производството на опрема и технологија за винската индустрија, во најголем дел наменета за извоз кој носи девизен прилив од 2,3 милијарди евра годишно...

Презентирана италијанската технологија за производство на вино, посветена на најновите практики, опрема и технологија за винификација. Македонија да ги искористи предностите на италијанската технологија за поголемо, подобро и поквалитетно производство на вино, порачаа учесниците на денешната конференција што ја организира Агенцијата за промоција на надворешната трговија при Амбасадата на Италија во земјава.

Италија е светски лидер во производството на опрема и технологија за винската индустрија, во најголем дел наменета за извоз кој носи девизен прилив од 2,3 милијарди евра годишно.

Во Македонија има регистрирано 84 производители на вино со годишно производство од 120 милиони литри од кои 80 проценти се извезува како наливно вино. Во производството на вино се користи, пред се, италијанска технологија.

За модернизација на опремата и набавка на нова, македонските фирми можат да ги користат фондовите ИПАРД кои за периодот 2014- 2020 година во износ од 60 милиони евра.