Вечерва доделување на наградите за најуспешни маски на Струмичкиот карневал

24.02.2015 13:52

Заврши уште едно спектакуларно издание на интернационалниот Струмички карневал. По струмичките улици продефилираа уникатни маски, одраз на креативноста на учесниците. Вечерва и официјално ќе бидат доделени наградите за најуспешни остварувања...

Трите струмички средни училишта ја делат првата награда од 700 евра за најдобри маски во категоријата групна маска над 50 учесници.

„Ловците на соништа“, „Каревјанци“ и „Рингишпил“ ги освоија симпатиите на стручлното жири на јубилејното 25-то издание од возобновениот Стумички карневал.

„Божествената комедија“ на карневалската група „Ѕвезден град“, која ја претстави грчката митологија, го освои првото место во катефгоријата од 20 до 49 учесници, а втората награда ја делат маските „Патот на свилата“, и „Арлекин“. Награди беа доделени уште во неколку категории.

Организацискиот одбор на карневалот доделил и шест стимулативни награди. Тие ќе бидат доделени вечерва по традиционалното Карневалско корзо на кое со неформална парада повторно ќе продефилираат наградените маски.

 

Катерина Давчева