УЈП изврши контроли во 75 објекти низ земјава

24.02.2015 13:59

Четири објекти куртулиле од контрола затоа што не работеле. Во контролите во Велес, Неготино и Демир Капија инспекторите не детектирале неправилности во работењето...

По лупата на Управата за јавни приходи, пазарната инспекција и МВР деновиве биле 75 угостителски објекти на подрачјето на СВР Велес. Четири објекти куртулиле од контрола затоа што не работеле. Во контролите во Велес, Неготино и Демир Капија инспекторите не детектирале неправилности во работењето.

Додека на подрачјето на Кавадарци и Росоман, проверка била извршена во 25 угостителски објекти, а во еден се констатирани два прекршока по Закон за заштита од пушење при што на сторителите им се издадени покани за наплата на глоба, а од страна на Пазарна инспекција и Управа за јавни приходи против правното лице како и одговорното лице на објектот издадени се платни налози за наплата на глоба и забрана за работа на објектот во времетраење од 15 дена.