МОН доделува 20 целосни стипендии за изучување на старотурскиот јазик

24.02.2015 14:03

Крајниот рок за аплицирање, односно доставување на потребната документација до Министерството за образование и наука е 31 август...

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување на 20 целосни стипендии за македонски државјани кои ќе решат да се запишат на додипломски или постдипломски студии за изучување на старотурскиот јазик во академската 2015- 2016 година, на некој од светските универзитети на кои има катедри за отомански студии.

Крајниот рок за аплицирање, односно доставување на потребната документација до Министерството за образование и наука е 31 август.

Кандидатите коишто ќе добијат стипендија за додипломски или постдипломски студии за изучување на старотурскиот јазик, ќе потпишат договор со Министерството, со обврска да работат најмалку 10 години во Република Македонија по завршување на студиите, за што државата им гарантира соодветно работно место.