Со Висла за четвртфинале
Во друштво со можните Данкерк и Загреб веројатно Висла беше најнепосакуваниот противник, но за екипа со високи амбиции како црвено-црниот состав кој во последното групно коло го разнесе Рајн Некар среде Германија, потешкиот пат до турнирот на најдобрите 4 на крајот ...

Можеше и полесно, но жрепката во Виена сакаше македонскиот ракометен вицешампион Вардар на патот до посакуваната фајнл-фор завршница во елитната лига на европските шампиони уште во осминафиналната фаза да се сретне со еден од најквалитетните тимови меѓу најдобрите 16-полскиот вицешампион Висла Плок. Во друштво со можните Данкерк и Загреб веројатно Висла беше најнепосакуваниот противник, но за екипа со високи амбиции како црвено-црниот состав кој во последното групно коло го разнесе Рајн Некар среде Германија, потешкиот пат до турнирот на најдобрите 4 на крајот на Мај во Келн би требало да е само мотив плус и потсетник дека во друштвото на најдобрите нема простор за опуштање.
За сериозноста на противникот потврда се и резултатите на составот предводен од шпанскиот селектор Каденас кој и го нанесе единствениот пораз на Барселона во групната фаза , а на домашен терен го совлада и Флензбург. Предноста пак на Вардар е што реваншот во периодот од 18-22 март ќе го игра на домашен терен откако ќе гостува на првиот натпревар во периодот од 11-15 март.
Во осминафиналето на елитната лига нашиот Кире Лазаров со Барселона ќе игра против Алборг,Јоноски со Лa Риоха ќе има сериозно искушение во дуелите со Веспрем, а ждрепката ги спои и минатогодишните финалисти Фленсбург и Кил.Во другите осминафинални натппревари Монпеље ќе игра со Кјелце,Данкерк со Пари Сен Жермен,Загреб со Колдинг и Рајн Некар против Сегед.
