Обука и субвенционирано вработување за 476 социјално загрозени лица

24.02.2015 15:21

Компаниите ќе може да аплицираат за субвенциите за обука на лица од ранливите категории. Лани преку оваа мерка биле вработени 110 лица...

Компаниите до крајот на годината ќе можат да аплицираат за средства за обука на кадар со субвенционирано вработување. На секои 20 дена надлежните ќе разгледуваат апликациите и ќе склучуваат договор со компаниите и невработените од ранливите категории кои со оваа мрека имаат приоритет. Со оваа мерка ќе бидат опфатени речиси 500 невработени.

„Обука во тараење од 3 месеци, 6.000 денари додека се обучува 3 месеци, по што следува субвенционирано вработување во износ од 19.000, 14.000 плата, 5.000 за работодавецот 6 месеци“, изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Обука на работно место со субвенционирано вработување лани најмногу апликации имало за  производството, бидејќи имаат проблем со изнаоѓање квалификуван кадар. Но, обуки и вработувања имало и во земјоделство, трговија и услужни дејности. Преку мерката досега биле вработени 110 лица.

„Поучени од досегашните искуства секој работник кој се задржал најмалку шест месеци, подоцна никогаш не ја напушта фирмата, или ја напушта само за подобро работно место“, вели Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на Македонија.

За оваа програма годинава од државната каса се обезбедени 63 милиони денари од Буџетот на Република Македонија.  

Наташа Јанчиќ