Харден со “трипл дабл“,Драгиќ блескаше во Мајами
Чикаго доминираше во мечот со Милвоки со 87 : 71 предводен од Никола Миротиќ, кој од клупата постигна 16 поени и 14 скокови. Чикаго е трет на истокот и сега поблиску до Торонто, кој загуби во Њу Орлеанс со 100 : 97...

Највпечатлив ефект во 8 НБА натпревари оствари Џејмс Харден, кој со 31 поен 11 скокови и 10 асистенции го предводеше Хјустон до победа над Минесота 113 : 102, вкупно 38 на популарните ракети кои се трети во Западната конференција. Тоа е втор “трипл дабл“ сезонава и вкупно четврти во кариерата за Харден, најдобриот стрелец во лигата просечно со 27.3 поени. Одлично издание во победата над Филаделфија од 119 : 108 имаше Горан Драгиќ со 23 поени и 10 асистенции, што е негов трет “дабл дабл“ сезонава. Иако сеуште без вистински тренинг со на Мајами, Словенецот демонстрира врвна форма и ја засени главната звезда Двејн Вејд кој заврши со 18 поени.Одличен беше и Луол Денг со 29 поени за седмо место на тројниот шампион на истокот.
Чикаго доминираше во мечот со Милвоки со 87 : 71 предводен од Никола Миротиќ, кој од клупата постигна 16 поени и 14 скокови. Чикаго е трет на истокот и сега поблиску до Торонто, кој загуби во Њу Орлеанс со 100 : 97. Пеликаните имаа тројца резервисти со двоцифрен учинок, а најдобар беше Лук Бабит со 18 поени. Сан Антонио е во криза, поразот во подпросечната Јута од 90 : 81 е трет по редза шампионот кој котира на 7 позиција. Во домашниот тим блескаше Треј Бурк со 23 поени, кај гостите најефикасен Тим Данкан со скромни 14. Во западното дерби Мемфис славеше во ЛА против Клиперс 90 : 87. Тимскиотприод на гостите предводени од Мајк Конли со 18 поени беше клуч на успехот, иако кај домашните Крис Пол оствари 30 поени и 10 асистенции. Во преостанатите два меча Бостон славеше во Феникс со 115 : 110 а Бруклин во Денвер со 110 : 82.
