Со големо мнозинство, изгласана резолуцијата за Македонија

24.02.2015 16:46

Со големо мнозинство, европарламентарците ја изгласаа резолуцијата за Македонија со која се бара датум за преговори за членство во Унијата, без одлагање. И покрај противењето на грчките и бугарските пратеници, во документот остана придавката „Македонски“...

Со 47 гласа за и 10 против, Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент (ЕП) ја усвои резолуцијата на известувачот за Република Македонија, Иво Вајгел, во која по деветти пат од Европскиот Совет се бара без натамошно одлагање да одреди датум за итно отворање на пристапните преговори за членство на земјата во Европската Унија, со цел да не се загуби моментумот, да се зголемат реформате поврзани за европското законодавство и да се засили процесот на демократизација.

„Извештајот на Иво Вајгел за напредокот на Македонија доби голема поддршка, а посебно оној дел од извештајот кој се однесува на силната препорака на Европскиот парламент да се започне со преговорите за пристапување. Значи да се послуша ставот на Европската комисија која изминативе неколку години повеќе пати јасно рече дека преговорите можат да се започнат, а парелно може да се одвиваат дипломатските и политичките разговори за прасаењто кое е на дневен ред, а сите знаеме дека е прашање за името. Секако Хрватска, хрватските пратеници и јас лицно силно го подрзуваме европскиот пат на Македонија“, изјави Анреј Пленковиќ, заменик претседател на Комитетот за надворешни работи.

Според Пленковиќ, само цврстото вкоренување на Македонија во преговарачкиот процес ќе доведе до стабилност на земјата и ќе се избегнат бројните фрустрации, кои поради долготрајноста на процесот постојат во македонското општество.

Во резолуцијата се бара конструктивен и инклузивен дијалог на Владата и опозицијата, при што е нотирано дека одговорноста е поделена меѓу Владата и опозицијата, кои треба да обезбедат одржлива политичка соработка, што пак е од есенцијално значење за демократскиот развој на земјата.

Европските пратеници упатија порака и до Владата и до опозицијата, проблемите да ги решаваат во Собранието.

Особено значајно е дека и покрај противењето на грчките пратеници– придавката „Македонски“, останува во употреба во овој документ на Европскиот Парламент.

Инаку анти- македонските 150 амандмани на грчките и бугарските европратеници не поминаа во однос на оваа Резолуција. На синоќешната расправа, известувачот Вајгл излезе со 16 компромисни амадмани, како одговор на рекордните 296 поднесени на неговата предлог резолуција.

Да потсетиме дека на синоќешната расправа грчките и бугарските европратеници укажуваат на тоа дека Македонија не ги испонува Копенхаките критериуми, а како аргумент ја користеа актуелната политичка ситуација.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ