На протест побарана одговорност за случајот Тамара

24.02.2015 16:57

Протестот почна пред Фондот за здравствено осигурување, а продолжи низ центарот на градот и заврши пред Министерството за здравство...

Граѓани денеска протестираа во центарот на Скопје барајќи оставка од одговорните за смртта на деветгодишната Тамара Димовска, која почина пред да биде испратена на лекување во Турција.

Протестот почна пред Фондот за здравствено осигурување, а продолжи низ центарот на градот и заврши пред Министерството за здравство.

На протестот беше побарана оставка од министерот за здравство и од директорите на Фондот за здравствено осигурување, како и одговорност од членовите на комисиите на Фондот.

Деветгодишната Тамара од Велес боледуваше од сколиоза. 

Институтот за судска медицина по извршената обдукција, соопшти дека причината за нејзината смрт е бронхопневмонија.