ГДОМ во Куманово: Државата да се заштити од домашните платеници на странските служби

24.02.2015 17:11

Движењето за одбрана на Македонија одржа трибина во Куманово и од таму порачаа државата се заштити од домашните платеници на странските служби...

Името, идентитетот, историјата и целовитоста на Македонија не треба да се ставаат на коцка. Заедно да го одбраниме македонското единство и здружени конечно да постигнеме национален консензус, порачаа учесниците на трибината во Куманово.

Александар Пандов смета дека Македонија е нападната, овој пат од внатрешен непријател со силна и сериозна поддршка на странски служби сето тоа засилено медиумски со пари дадени за ширење непријателска пропаганда.

„Сведоци сме овие неколку дена како најотоворено еден од лидерите на коалицијата на опозцијата,  со грчки платеник го тргува нашето име, тргува со она што ни е најсвето- Македонија“, вели аналитичарот Пандов.  

Историчарот Ачковска смета дека сите соседи околу нас се единствени во врска со прашањето за Македонија. Конечно и ние треба да ја поставиме нашата црвена линија. Единстевни за нашето име, нашиот идентитет и се она што ја прави целоста на нашата држава, рече Ачковска.

„Треба да се почитува волјата на граѓаните, а не со вонпарламентарни циркузи, бојкотирања да се привлекуваат странските служби тука и да се руши угледот на државата“, смета Ачковска.

Според професорот Александар Климовски, граѓаните се изложени на психолошки терор.

„Само прашање на време е кога народот ќе свати за какво предавничко и злосторничко сценарио биле спремни“, нагласува Климовски.

Очигледно е дека станува збор само за гола борба за власт со нелегитимни средства, посочуваат од Граѓанското движење за одбрана на Македонија.

Милчо Велески