Случај „Пуч“: Говор на омраза кон оние што не го поддржуваат Заев
Цел на вербални напади и директни навреди се функционери, новинари, аналитичари. „Нацист, фашисти, македонците кои не мислат како заев да се испратат во Гвантанамо...“ се дел од навредите упатени кон сите кои не мислат дека СДСМ и прави добро да државата и сметаат дека и одмага и наштетува...

Експлицитен говор на омраза и напади врз лична основа. Во последно време дури и со лични навреди се бранат ставовите на лидерот на опозицијата Зоран Заев. На социјалмните мрежи се истураат тони гнев кон сите оние кои не го одборуваат сценариото на опозицијата.
Цел на вербални напади и директни навреди се функционери, новинари, аналитичари. „Нацист, фашисти, македонците кои не мислат како заев да се испратат во Гвантанамо...“ се дел од навредите упатени кон сите кои не мислат дека СДСМ и прави добро да државата и сметаат дека и одмага и наштетува.
„Како резултат на нервозата, сведоци сме на најниска можна култура на однесување. Она што до вчера беше вулгаризам и беше невозможно да излезе во медиуми, сега сме сведени на едно кич новинарство, во кое наместо дебата доаѓа до лични пресметки, давње на епитети, на одвратна ниска комуникација. Култура на однесува- нула“, смета Дејан Андоновиќ.
Токму оние кои велат дека се крши слободата на говор, преку вулгарности се пресметуваат со неистомислениците. Андоновиќ констатира- турбо фолк новинарство.
„Жаргонизам и навреди доминираат во медиумите. Не може баш секој на секого да му каже нешто преку медиумите. Има разлика статус на Фејсбук и пишување на портал“, смета Андоновиќ.
Се конструираат кршења во спротивниот табор, па дури и бегства од државата, и поднесување оставки. Хистеријата меѓу подржувачите на заев расте особено откако излегоа на виделина и видеата со бошковски на кои лидерот на Обединети за Македонија го пазари името на државата и зема пари за финансирање на кампањата.
Миле А. Ристески
