Анализа

Кои политичари работат на промена на името?

24.02.2015 17:37

Аналитичарите се прашуваат на што се должи флексибилноста и попусливоста за прашањето за името на политичарите што го сочинуваат опозицискиот корпус. Велат дека со помош на странските служби ги уриваат позициите на државата за едно од клучните прашања...

„Се додека постојат политичари кои имаат ставови за промена на името на државата, па дури и на нејзиниот идентитет, странските служби нема да се откажат“, вели аналитичарот. Александар Даштевски.

Поврзувајќи го мозаикот од последните видеа објавени со претседателот на Обединети за Македонија, Бошкоски, со претходни изјави на опозициските лидери, Заев и Петковски, порачува дека така ќе биде се додека во земјата се одработува за стрнски интереси.

„Се нанесува голема штета на земјата, се додека постојат такви ставови странските служби и тие што работат спротивно на интересите на државата нема да се откажат, бидејќи знаат дека има такви луѓе кои ќе притискаат за промена на името внатре во државата“, вели аналитичарот Александар Даштевски.

Во видеата објавени на интернет мрежите, Бошкоски преговараше за промена на името, а за возврат добиваше пари за финансирање на изборната кампања.

Заев и Петковски во неколку наврати изјавуваа какви опции се прифатливи за нив.

„Ставот на СДСМ е многу јасен. За нас е прифатливо име со географска одредница“, рече Зоран Заев – претседател на СДСМ

„Кажав јас, зарем малце е географската одредница, може да биде горна, северна- како сакате“, рече Тито Петковски- претседател на НСДП.

Заев изјави дека некогаш треба да се свитка и „кичмата“ за да се реши спорот за името.

„Се чудам како  СДСМ си дозволува  да има за лидер несериозен во политичка смисла човек... Неговите изјави негативни по националните и државни интереси се познати и тие се во континуитет, односно онаа изјава дека треба да ја свиткаме кичмата, ’рбетот, што значи да си го предадеме името и идентитетот, потоа фамозната изјава дека ќе јадиме живи луѓе- кога тој ќе дојде на власт ќе прави жестока политичка чистка во сите институции“, вели аналитичарот Тони Науновски.

Според експертите, останува отворено прашањето – кој се стои зад усогласениот став на коалициските партнери зад ваквата флексибилност и попустливост?

Наташа Гркова- Петрушевска