Ќе се изготвува нов Закон за високо образование

24.02.2015 18:05

Владата и студентите се договорија да се формираат работни групи кои во наредниов период ќе ги прецизираат деталите околу новиот текст...

Ќе се подготвува нов закон за високо образование - договор на Владата, УКИМ и пленумите. Од втората средба заклучок дека е потребна сеопфатна анализа за состојбата во образованието за да се направат реформи што ќе го подигнат квалитетот во оваа област, но,  и знаењето на студентите. Една од причините за нов закон е тоа што актуелниот претрпел 15 измени за шест години. Во следните 40 дена работни групи ќе треба да да го изработат концептот за новиот закон.

Во врска со државниот испит, ректорот Стојковски изјави дека со новиот закон ќе бидат решени сите прашања кои што досега не ги задоволуваат сите страни.

Тој апелираше студентите да се вратат на настава затоа што само така сите ќе го дадат својот придонес. Од Студентскиот пленум ќе ги договараат следните чекори.

Ова беше втора средба на владините претставници, унивезритетот и пленумите.

 

Викторија Тодоровска