Министерот Попоски на средба со пратеници во Европскиот парламент

25.02.2015 09:51

Министерот Попоски ќе се сретне со европратениците Елмар Брок, Иво Вајгл, Тања Фајон, Моника Маковеј, Едуард Кукан и Жозеф Дол...

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска престојува во Брисел, каде се очекува да оствари редовни разговори со пратениците во Европскиот парламент.
 
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Попоски ќе се сретне со европратениците Елмар Брок, Иво Вајгл, Тања Фајон, Моника Маковеј, Едуард Кукан и Жозеф Дол.