Во Полошките општини – иницијатива за локален економски развој

25.02.2015 10:30

Во општините од Полошкиот регион започна со реализација иницијативата на Eвропската унија наречена „Лидер“. Со ова се очекува да се придонесе во локалниот економски развој. Идеите во рамки на проектот произлегуваат од реалните потреби на граѓаните…

„Лидер“ е иницијатива на Европската Унија за поддршка на проекти за рурален развој иницирани на локално ниво. Целта е ревитализација на руралните области и создавање работни места.

Станува збор за проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.

Иницијативата „Лидер“претставува иновативен пристап во рамките на политиката за рурален развој на ЕУ. Преку неа се стимулира полноправност и заедништво на сите чинители во процесите на градење политики, донесување одлуки и спроведување активности поврзани со руралниот развој. Спроведувањето на „Лидер“ пристапот започќна и во полошките општини.

„Лидер“официјално започна да се спроведува во 1991 година со цел да ги подобри развојните потенцијали на руралните средини.

 

Зоран Јованоски