Велес

Сигурносен појас за поголема безбедност во сообраќајот

25.02.2015 10:41

Во јануари годинава велешката полиција евидентирала 84 возачи прекршители на Законот за безбедност во сообраќајот. Тие автомобилите ги управувале без на себе да ги имаат ставено сигурниот појас. Деновиве полицијата со зајакнати контроли. Овој пат казните ќе биле изоставени акциите биле едукативни...

За поголема безбедност во сообраќајот користете ги сигурносните појаси, ова е само една од пораките на кампањата за безбедност на патиштата.

„Господин Сашо, денеска имаме акција за користење на заштитен појас. Вие го користите, повелете и во иднина ве замолувам да го користите“, вели полицискиот службеник.

Но, не сите возачи  го почитуваат законот за употреба  на сигурносните појаси. Полицијата деновиве спроведува превентивни акции. Возачите прекршувачи на законот поминуваат  само  со опомена.

„Тука ние некако по навика во градот многу не ги користиме, но на отворено кога сме ги користиме секако“, вели анкетиран возач.

„Почитувај ги правилата - почитувај го животот“, под ова мото МВР минатата година започна да ја реализира кампањата со цел подигнување на свеста кај возачите за поголема безбедност во сообраќајот.

„Има подобрување во однос на бројот на сообраќајни несреќи, односно бележиме пад на сообраќајните несреќи, има намалување и на жртвите во сообраќајните несреќи“, изјави Анита Стојкова, портпарол на СВР Велес.

Минатата година на подрачјето на СВР Велес, 317 граѓани биле санкционирани за неносење на појас. Годинава само во јануари бројката е 84.

Дијана Иванова