Штетите на рибарите ќе се одредуваат според ценовник

25.02.2015 13:08

Надоместокот на предизвиканите штетите кај рибите од познат сторител со труење или недозволен риболов ќе се одредува според ценовник. Досега тоа се правеше паушално и по слободна проценка на надлежниот орган...

Штетите кај рибите од труење, загадување и недозволен риболов ќе се одредуваат според ценовник за обештетување во судските процеси со познат сторител.

Досега износот се одредуваше паушално и врз основа на несоодветни параметри. Висината на надоместокот за возрасни единки за пастрмките ќе изнесува  3.000 денари за килограм, за крап 600, а за сомот и јагулата 1.000 денари.

За подмладокот цените се поголеми и се од 500 за белвицата до 7.500 денари за килограм пастрмка.

 

Методија Трајков