Студентскиот пленум го прекинува бојкотот на универзитетите
25.02.2015 13:19
Оваа одлука на Студентскиот пленум, следува по вчерашниот договор со Владата...

Од утре студентите се враќаат на предавања. Прекинат е бојкотот на универзитетите. Оваа одлука на Студентскиот пленум, следува по вчерашниот договор со Владата.
„Бојкот повеќе нема да има, ние ќе си продолжиме со автономните зони, ќе продолжиме и со алтернативните предавања на кои ќе се зборува за студентските барања, студентските прашања и проблеми, кои подоцна ќе бидат пренесени како прашања во работните групи“, изјавија од Студентскиот пленум.
Задоволни се што ќе бидат вклучени во изработката на новиот закон за високото образование.
