Кери: Македонија на „линијата на огнот“
25.02.2015 13:24
Ваквата изјава, Кери ја дал како одговор на прашање на сенатори, за растечкото влијание на Русија во Европа...

САД сметаат дека цела низа европски држави се наоѓаат на „линијата на огнот“, кога станува збор за односите меѓу Вашингтон и Москва, изјавил американскиот државен секретар Џон Кери.
„Кога станува збор за Србија, Македонија, Црна Гора, Косово и другите како, Грузија, Молдавија, Придњестровје, тие се на линијата на огнот“, изјавил Џон Кери.
Ваквата изјава, Кери ја дал како одговор на прашање на сенатори, за растечкото влијание на Русија во Европа.
