ЕЦБ ја претстави новата банкнота од 20 евра

25.02.2015 13:27

Станува збор за банкнота, која во моментов е во фаза на печатење...

Европската централна банка ја претстави новата банкнота од 20 евра, која ќе влезе во платниот промет на 25 ноември годинава. Станува збор за банкнота, која во моментов е во фаза на печатење.

Новата банкнота има современ дизајн во готски стил и подобри безбедносни карактеристики со што можностите за  фалсификувањето се сведени на минимум. Има димензии од 133 на 72 милиметри и е во нијанси на сина боја.

Досега Европската централна банка, во соработка со националните банки на земјите од Еврозоната, иницираше замена на банкнотите од 5 и од 10 евра.