Нови 30 дена притвор за Верушевски
Одлуката доаѓа по изминувањето на првите 30 дена, кои Верушевски ги мина во притвор, откако беше приведен кон крајот на минатиот месец...

Продолжен е притворот на екс разузнавачот Зоран Верушевски за 30 дена. Судија во претходна постапка му одредил притвор за делата шпионажа и насилство врз највисоките државни органи.
Одлуката доаѓа по изминувањето на првите 30 дена, кои Верушевски ги мина во притвор, откако беше приведен кон крајот на минатиот месец.
Зоран Верушевски е првоосомничен во случајот „Пуч“ заедно со неговата сопруга и еден вработен во општина Струмица. Четвртоосомничен е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Во рамки на истата акција, неодамна беа уапсени уште две лица, едниот вработен во Министерството за внатрешни работи, а другиот порано работел во полиција.
