Вчера 14 сообраќајки во Скопје, две со трагичен епилог

25.02.2015 13:34

Првата се случила во кругот на фабриката Железара. Автомобил Рено со скопски регистарски таблички, удрил во двајца пешаци...

Вчера се случиле 14 сообраќајки, од кои две завршија  со трагичен епилог. Првата се случила во кругот на фабриката Железара. Автомобил Рено со скопски регистарски таблички, удрил во двајца пешаци. Едниот пешак починал на самото место, додека вториот со итна помош бил пренесен во Ургентниот центар.

Втората сообраќајна несреќа се случила на локалниот пат меѓу Горно и Долно Лисиче. Автомобил Југо, управуван од 22-годишник удрил во дрво.

Возачот бил пренесен во болница, но им подлегнал на тешките телесни повреди