Минкова и Рамадани нови в.д. дикректори на ФЗОМ
25.02.2015 13:55
Владата ги прифати оставките на Маја Парнарџиева - Змејкова и Џемали Мехази, кои ги поднесоа од човечки причини поради смртта на малата Тамара од Велес...

Сања Минкова и Орхан Рамадани се новите в.д. директори на Фондот за здравствено осигурување. На директорските функции се назначени на вчерашната владина седница.
Претходно владата ги прифати оставките на Маја Парнарџиева - Змејкова и Џемали Мехази, кои ги поднесоа од човечки причини поради смртта на малата Тамара од Велес.
Инаку Рамадани е поранешен директор на Аеродроми Македонија, а Минкова е вработена во Владата.
