Грчките опозиционери ја обвинија Сириза дека ја враќа земјата назад
Според поранешниот премиер Самарас, голем дел од владините предлози се исти како тие што неговата администрација и ги испратила на тројката кредитори.

Грчките опозициски партии Нова демократија и ПАСОК ја обвинија владата на Сириза дека ја враќа земјата назад, откако Еврогрупата го одобри пакетот предлози за реформи во замена за четиримесечно продолжување на договорот за финансирање.
Според поранешниот премиер Самарас, голем дел од владините предлози се исти како тие што неговата администрација и ги испратила на тројката кредитори.
Лидерот Венизелос тврди – токму кога бевме подготвени да излеземе од меморандумот и да ја преземеме претпазливата кредитна линија со многу поповолни услови, заглавивме со стариот меморандум и се подготвува нов од јули.
