Обама стави вето на изградбата на нафтоводот „Кистоун Икс Ел“
25.02.2015 14:53
Според републиканците, нафтоводот ќе овозможи отворање нови работни места. Белата куќа сака да ја почека проценката на Стејт департментот...

Американскиот претседател Обама стави вето на законот што го доставија републиканците за изградба на нафтоводот „Кистоун Икс Ел“, за транспорт на нафта од Канада во САД.
„Не е претставен научен став за самиот нафтовод, туку само се препорачува експерти да ги испитаат бенефициите и последиците од неговата изградба“, изјави Џош Ернст, портпарол на Белата куќа.
Според републиканците, нафтоводот ќе овозможи отворање нови работни места. Белата куќа сака да ја почека проценката на Стејт департментот бидејќи проектот е спорен од еколошки и од економски причини.
