Реставриран мозаикот во Стоби

25.02.2015 16:23

Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска, која денеска го посети локалитетот Стоби, изрази задоволство од успешно завршената конзервација...

Реставрираниот мозаик од Стоби денеска е вратен на своето место. Со тоа, епископската базилика во античкиот град го доби својот оригинален изглед.

Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска, која денеска го посети локалитетот Стоби, изрази задоволство од успешно завршената конзервација на овој најголем мозаик со површина од 150 метри и ја потврди натамошната поддршка на сите проекти во врска со заштитата на нашето културно и  историско богатство.

Конзервацијата на мозаикот почнала 1991-та година од страна на Националниот конзервациски центар, а археолозите од НУ „Стоби“ почнале со доработка во 2012 година и сега е поставен во целиот свој сјај и раскош.