Попоски во Брисел: Оние што ги блокираат институциите, им даваат алиби на тие што ја блокираат евроинтеграцијата
Оние што оневозможуваат институциите на системот целосно да функционираат, им овозможуваат алиби на оние кои сакаат да ја спречат интеграцијата на Македонија - порака од министерот за надворешни работи, Никола Попоски по средба со европратеници во Брисел. Нивната сугестија била сите политички фактори да придонесат политичкиот дијалог да се одвива во Парламентот...

Сите политички чинители во Република Македонија да придонесат политичкиот дијалог да се одвива во институциите на системот- ова е пораката која денеска во Брисел европските пратенци му ја пренесоаа на македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски.
На срдбите со претседателот на Комитетот за надворешни работи, Елмар Брок, потоа со известувачот за нашата држава во ЕП, Иво Вајгел, како и со пратениците Едуард Кукан, Тања Фајон и претседателот на Европските народни партии, Жозеф Дол, било костатирано дека избегнувањето на учество во институциите е аргумент во раката на оние кои сакааат да ја спречат Македонија да напредува во евроинтеграцискиот пат.
„За нас е многу значајно таа прецка да биде отстранета, бидејќи во овој момент оние кои не овозможуваат да функционираат целосно сите институции во Македонија, им овозможуваат многу добро алиби на оние кои сакаат да ја спречат интеграцијата на Македонија, или во најблага варијанта да го успорат процесот на носење одлука за почеток на преговори“, нагласи министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски.
На средбите се разговарало и за напредокот во реформите кои ги презема македонската Влада како и за резолуцијата за Македонија, која пред два дена беше изгласана во рамките на АФЕТ, а во која од Европскиот совет се бараше почитување на 6-те позитивни препораки на Европската комисија.
Инаку, предлог- резолуцијата во која Европскиот парламент по деветти пат бара итно одпочнување на преговорите за членство во ЕУ, ќе биде усвоена од страна на европските пратеници на пленарната седница во Стразбур, на почетокот на март.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Бриесл за МРТ
