Гентерм ќе ја подобри економијата и ќе ја намали невработеноста во Прилеп

25.02.2015 16:49

Гентерм почнува да ја гради фабриката во прилепската технолошко развојна зона уште од наредниот месец. До октомври ќе почне со работа и ќе вработи 2 000 лица. Менаџерите денеска на договор со прилепските локални власти...

Компанија Гентерм денеска ги потврди своите намери за изградбата на фабрика во развојната зона во Прилеп. Менаџерите на компанијата на средба со локалните власти и на прецизирање на активностите. Веќе почнуваат да градат наредниот месец

„Планираме да започнеме со изградба на фабриката уште во месец март, а планираме да ја завршиме изградбата и да почнеме со работа во октомври. Работната сила и поддршката на државата беа решавачки да инвестираме во Прилеп“, вели Јорк Еверс, менаџер на „Гентерм“.

Компанијата со 8.600 вработени и со подружници во Мексико, Кина и Украина, сега инвестира во Македонија за да го зголеми портфолиото на вработени за уште две илјади од локалното населени.

„Планираме да ја зголемиме бројката на вработени лица во Гентерм. Вкупната површина на која ќе се гради е 20.000 метри квадратни, а вкупната инвестиција ќе биде 320 милиони евра“, вели Еверс.

Оваа инвестиција ќе ја раздвижи локалната екомномија, ќе ги впрегне силите на и на локалните компаии, задоволни се прилепските градски власти

„Многу значи за намалување на невработеноста во градот, а покрај овие директни 2.000 вработувања, ќе има уште 1.000 други индиректни вработувања бидејќи ќе соработува и со други услужни дејности и фирми“, вели Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Фабриката ќе биде нова производствена линија, а главни клиенти на гентерм се Тојота, Фолсфаген и Бе-ем-ве.

 

Елизабета Митреска