Заев објави нови материјали со прислушувани разговори

25.02.2015 17:12

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави нови материјали со прислушувани разговори. Вели дека со овие аудио-снимки сака да ја покаже спрегата меѓу владата и медиумите...

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев и денеска објави снимени разговори. Презентирани беа аудио разговори на како што најави Заев, премиерот Груевски, директорот на УБК, Сашо Мијалков, министри и новинарот Латас. 

Денешните разговори кои ги пуштија од опозицијата се 4 - ти дел од како тие што ја нарекоа „Вистината за Македонија“. Заев на прес- конференцијата изјави дека се прислушувани 100-тина новинари.

„Се што имаме докази ќе објавиме, тоа го ветивме пред граѓаните. Сите докази што постојат ние ќе ги објавиме“, нагласи Заев.

На 18 новинари Социјал- демократите им дадоа папка со преписки од прислушуваните разговори за кои, според Заев, УБК правела извештаи за нивните активности. Заев тврди дека биле прислушувани и новинари блиски до власта, но и оние блиски до опозицијата.

 

Миле А. Ристески