Мечевска вон животна опасност
Триесет и едногодишната ракометарка на ЖРК Вардар, е надвор од животна опасност, во свесна, стабилна состојба, и исклучена од апаратите за дишење...

Убави вести од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), поврзани со здравјето на македонската ракометна репрезентативка Робертина Мечевска.
Триесет и едногодишната ракометарка на ЖРК Вардар, е надвор од животна опасност, во свесна, стабилна состојба, и исклучена од апаратите за дишење. Тоа го потврдува во својата изјава д-р Сашо Поповски, кој за в петок најавува хируршка интервенција на лумбалниот дел од рбетот.
Мечевска пред две недели падна од петиот спрат во својот стан и се здоби со тешки повреди, но ситуацијата постојано се подобруваше и се очекува позитивен развој на настаните. Лекувањето ќе биде долготрајно зашто таа имаше тешки повреди на градниот кош, белите дробови, црниот дроб и рбетниот столб.
