БИБЛ

Кожув гостува во Бугарија

25.02.2015 17:27

Нашиот претставник има три победи и еден пораз досега, а бугарскиот тим оствари половичен биланс 2-2...

Кошаркарите на Кожув во директен дуел со Рилски спортист денеска ќе решаваат за врвот во групата „Де“ од Балканската лига. 

Нашиот претставник има три победи и еден пораз досега, а бугарскиот тим оствари половичен биланс 2-2. 

Со евентуален триумф, Кожув ќе избие на првото место на табелата затоа што во тој случај ќе го одбие нападот на Рилски, а ќе има подобро остварување од Сигал Приштина.