Прва лига – кошарка, 14.коло
Денеска два меча
25.02.2015 17:29
МЗТ Скопје ќе му гостува на Гоце Делчев, а Работнички ќе ја пречека Струмица...

На домашните кошаркарски терени, откако полека стивнуваат реакциите за завршниот турнир од купот, од 14-тото коло во првата лига за денеска се предвидени два натпревара.
МЗТ Скопје ќе му гостува на Гоце Делчев, а Работнички ќе ја пречека Струмица.
Фени индустри и Куманово ќе играат наредната среда, претходно Кожув се радуваше кај Водњански лисици со 100-77, а слободен е составот на Карпош соколи.
