Неидентификувани дронови над Париз: Кој ги вознимирува французите?
Неидентификувани дронови повторно синоќа го надлетаа небото на Париз, соопшти полицијата, за оваа најнова мистериозна појава на безпилотни летала кои што се појавиле над значајни локации над француската метропола...

За надлетувањето на дроновите над француското небо, појава којашто трае повеќе од еден месец, француската полиција се уште нема сознанија кој стои зад оваа мистриозна ескадрила. За прв пат синоќа 5- те безпилотни летала биле видени над централниот дел на Париз, во близина на американската амбасада, потоа над Ајфеловата кула, плоштадот Конкорд и над Воениот музеј.
Претходно дроновите летале над претседателската палата, и ги надлетале француските нуклеарки, каде што според законот е забрането какво било летање во радиус од 2,5 километри и на висина од 1.000 метри.
Во исчекување на јавноста, полицијата да идентификува кој стои зад активноста на дроновите, ексертите се обидуваат да ја смират вознемиреноста на парижаните тврдејќи дека таквиот вид летала не би можеле да предизвикаат закани во случај да паднат врз објекти.
„Леталата имаат вградено микрочипови кои можат да се следат од Гугл, но доколку летаат многу ниско, радарите неможат да ги регистрираат“, изјави Паскал Шарвије, експерт за безпилотни летала.
Овие настани, дополнително ја вознемирија јавноста, којашто се уште не може да ги заборави неодамнешните џихадистички напади врз сатиристичкиот неделник Шарли Ебдо. Колегиумот соопшти дека весникот од денеска ќе излегува редовно, еднаш неделно и дека ќе бидат третирани екстремистички теми.
„Некој ќе рече дека сме опседанти, но не сме тие кои што сме опседнати, туку оние коишто создваат вести, а тоа се терористите“, вели Жерар Бијар, уредник на Шарли Ебдо.
Шарли Ебдо е отпечатен во 2 и пол милиони примероци, а на насловната страница се прикажани папата, еден џихадист и неколку француски политичари како ѕверки коишто гонат едно куче, со примерок на весникот со наслов „СЕ ВРАТИВМЕ“.
Мирјана Василева
