Ракомет

Георгиевски и Прибак ќе играат за Бешикташ

25.02.2015 17:43

Доскорешното крило на Металург, една сезона ќе го носи дресот на Бешикташ со можност за продолжување на верноста за плус една, додека бекот на Вардар потпишал двегодишен договор...

Македонските ракометни репрезентативци Гоце Георгиевски и Немања Прибак летово се селат во Турција и ќе ги бранат боите на Бешикташ. И двајцата се  договориле со турскиот шампион кој и во наредната сезона ќе биде дел од елитната ЛШ, а ќе дебитира во Сеха лигата.

Доскорешното крило на Металург, една сезона ќе го носи дресот на Бешикташ со можност за продолжување на верноста за плус една, додека бекот на Вардар потпишал двегодишен договор.

Прибак ќе ја доигра сезоната во Вардар, Георгиевски останува во македонското првенство но деновиве треба да реши дали во редовите на Пелистер, Зомимак или Струга, кои се заинтересирани за неговите услуги.