Балканска кошаркарска лига
Кожув триумфално кај Рилски
26.02.2015 00:04
Во директниот дуел за врвот во групата „Де“, нашиот претставник стигна до четвртата победа во петтитот натпревар од оваа фаза...

Кошаркарите на Кожув беа подобри од Рилски спортист на гости со 88-86 во Балканската лига. Во директниот дуел за врвот во групата „Де“, нашиот претставник стигна до четвртата победа во петтитот натпревар од оваа фаза и со тоа го презеде водечкото место на табелата.
Сигал Приштина има биланс 3-2, Рилски 2-3, а Сутјеска 1-4. Јањушевиќ постигна 21 поен, Шепа 18, а Брчков 17 за екипата на Кожув на вечерашата средба.
