Прва лига кошарка, 14. коло

Без проблеми за фаворитите

26.02.2015 00:06

МЗТ Скопје триумфираше кај Гоце Делчев со 88-73, а освојувачот на купот Работнички одигра рутински против Струмица за убедливи 103-59...

На домашните кошаркарски терени,фаворитите немаа проблеми во денешните два натпревара од 14-тото коло во Првата лига. МЗТ Скопје триумфираше кај Гоце Делчев со 88-73, а освојувачот на купот Работнички одигра рутински против Струмица за убедливи 103-59.

Фени индустри и Куманово ќе играат наредната среда, а претходно Кожув се радуваше кај Водњански лисици со 100-77. Во оваа рунда слободен беше составот на Карпош соколи.